Поранешниот премиер Никола Груевски обвини дека политичките затвореници гонети за 27 април, како што е Јане Ченто, се жртви на притисоци и наместени процеси, при што обвинителите им бараат лажно да сведочат, а ако одбијат, ги казнуваат со долги затворски казни.
Со години во затворите за случајот “27. април” лежат многу луѓе со неправедни пресуди, со непостоечки квалификации за тероризам со цел затвораката казна да е долга, а некои и без никаква вина. Македонија е земја на политички затвореници и политички прогонувани лица. Се додека е така, напредок нема да има, како што и нема. Напротив има назадување, пишува Груевски.
Тој го сподели сведоштвото на таткото на Јане Ченто, дека владини претставници му нуделе да даде лажен исказ во случајот 27 април, а во замена за тоа ќе бил ослободен од обвинението. Груевски опишува како дури и на него, специјалната обвинителка Катица Јанева му нудела лажно да сведочи против своите најблиски соработници, за потоа да ги ублажи обвинувањата против него.
Погледнете го коментарот на Никола Груевски