„Денеска бевме сведоци и на еден срамен договор меѓу правосудниот систем и еден од криминалците на двата последователни режими, Сашо Мијалков.
Додека стотина Албанци добија драконски казни за фрлање јајца на протести, доживотен затвор во монтирани процеси, Сашо Мијалков, кој изгради Империја на криминал и корупција, се спаси со само 3 години затвор. За да биде иронијата поголема, тој е казнет и со 36 милиони евра, додека истото лице е обвинето за злоупотреба на стотици милиони евра“, се вели во соопштението на пратеникот на Алијанса за Албанците Аднан Незири.
„Јавно прашуваме дали Артан Груби се разбирал со Сашо Мијалков, или Али Ахмети на тајни средби со амбасадорите на Русија и Србија. Како и да е епилогот веќе е јасен, Сашо Мијалков е на слобода, а Албанците во затвор“, пишува Незири.