Не сакам бре американската амбасадорка да ми прави црни листи на корумпирани политичари.
Не сакам ниту еден странски амбасадор да ги решава проблемите во мојата држава.
Сакам луѓе со два грама мозок кој знаат што прават, умеат и го прават она за што се избрани и платени.
Дајте бре соберете се малку и отстранете ги од власт сите кецароши, џаболебари, измамници, фолиранти, терористи, насилници, примитивци, џепароши и криминалци од поголем калибар.
И да, треба да се отпуштат сите судии и јавни обвинители.
И да се распише конкурс.
И сите да полагаат и на сите да им се испита минатото, и сите да дадат отчет за она што до сега го правеле и да им се попише имотот до последен манџар и да се спореди со имотот со кој ќе излезат по секоја година од држењето на функциите.
И да, да се укинат сите управни и надзорни и секакви идиотски одбори во кои се млати празна слама за мали пари.
И да, ни требаат 7 министерства и 30 општини.
И да се преполови државната администрација и да се преиспита секое вработување направено во државната и јавната администрација во изминатите 20 години.
И да, мора да се преполови дипломатската мрежа и потполно да се професионализира со политички амбасадори само по исклучок за посебни потреби и со посебно знаење.
Иа да, има решение за се, ама не со криминалците кои се и оние кои сакаат во моментов да дојдат на власт.
(фејсбук статус на Мирјана Најчевска)