Кога власта ќе постави несоодветен јавен обвинител за борба со организираниот криминал, несоодветни народни правобранители, роднини и пријатели на високи функции и во сите управни и надзорни одбори, кога власта ќе ја промовира партијата на ниво на единствен кадровик во државата со единствен критериум- партиска послушност, судството ќе го претвори во заштитник на корупцијата и криминалот, ќе ги сведе на нула сите заштитни механизми на државата, непотизмот ќе го прогласи за мртов, а конфликтот на интереси за предуслов во бизнис работењето, малку е чудно таа иста власт да повика некого од надвор да се справи со деформациите.
Проблемот е што секогаш се завршува со политички компромис. Најверојатно на таа карта игра и актуелната власт.
Впрочем не е ова прв пат претставници на САД да даваат вакви изјави.
Не знам зошто, ама некако ми личи на замајување на граѓаните со цел создавање услови да се направи уште една политичка отстапка на наводниот пат кон ЕУ, а и да се прогледа низ прсти на етно-базираните апсурди.
Можеби грешам.
За се има прв пат.
Можеби и јас еднаш ќе погрешам.
(фејсбук статус на професорката Мирјана Најчевска)