Професорката Мирјана Најчевска реагира на последната колумна на поранешниот министер за надворешни работи Денко Малески во која го величи „успехот“ на македонската дипломатија раководена од Бујар Османи и „блескавиот успех“ што го постигнала во надминување на спорот со Бугарија.
„Македонската дипломатија, раководена од умниот и бескрајно трпелив доктор и политичар Бујар Османи, во борбата на нерви со бугарската дипломатија, е на прагот на еден блескав успех“, констатира Малески во колумната.
На ова, Најчевска коментира:
„Изгледа живеам во паралелен универзум со Денко. Во мојот Бугарија успеа да ги убеди ЕУ дека сме ист народ во две држави, дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, дека немаме различна историја од таа на Бугарија, и секако дека Бугарите биле администратори а не окупатори и дека не ослободиле од фашистичкиот окупатор а не биле дел од него“.