Професорката Мирјана Најчевска прашува кому му одговара Албанците да бидат понеуки во ситуација кога и така образованието на Македонците е тапа?
Мислам дека е крајно време Албанците во Македонија да се запрашаат зошто нивните деца имаат полоши основно, средно и високо образование дури и во ситуација кога образованието на Македонците е тапа.
Како се случи после децении на континуирано присуство на албанските политичари во власта и министри за образование Албанци, образованието на Албанците во Македонија упорно да останува пониско од тоа на Македонците.
Кому му одговара Албанците да бидат понеуки.
Кому му одговара во недоглед да се продолжува барањето за посебен третман, посебни квоти, посебни проценти за да може луѓе со помалку знаење да добијат третман на луѓе со повеќе знаење.
Кој го направи Универзитетот во Тетово институција без вредност а дипломите од овој универзитет ги изложи на потсмев?