Новинарката Јорданка Ивановска – Јоци ја повика градоначалничката Данела Арсовска да ги остави на мира продавачите на книги кои со години работат на градскиот Кеј, кај паркингот на Холидеј Ин, и место со тоа, да помогне да се истражи убиството на ракометарот Денис Тот.
Данела Арсовска, место одвратно да се бави со продавачите на книги на кеј, ја чекаме да одговори на низа прашања поврзани со објектот пред кој имаше убиство на млад човек, кој работел на диво, а е сопственост на Град Скопје❗ ?Арсовска, најсрамно на свет, не излезе да се извини на скопјани и на семејството на починатиот Денис Тот, што дозволила овој објект да работи под градски закуп без дозвола, што дозволила среде Градски парк на диво да постои дувло на бараби и криминални дејанија и така некако околностите, со нејзино замижување – да доведат до убиство! Одговорноста за убиството е поделена меѓу Владата, инспекторат и Арсовска. Сите овие субјекти придонеле да настапат катастрофални последици по животот на Тот. Да не работел тој објект, а не требало да работи, немало да дојде ни до убиство! Прашања на кои Арсовска е должна да одговори; ℹ Кој го потпишал договорот за закуп, кога, за колку време и дали е вистина дека со објектот стопанисува трета фирма која нема врска со потписникот на првичниот договор? (како што објавија медиумите) ℹ Ако е вистина, кој тоа го дозволил? Која фирма е управител т.е кој стопанисува? ℹ Дали Град Скопје води сметка за редот и мирот во Градски парк околу површините и објектите кои ги издава и на кој начин тоа го прави? Мислам дека Арсовска не е барбика, па само да трепка со очињата. Се бараат одговори!, вели Јоци.