Мухамед Зеќири оздравел и бил отпуштен од болница вчера, веднаш откако Апелација донесе одлука за тој да излезе од затворот „Скопје“ во Шуто Оризари и да биде преместен во домашен притвор, објави а1он.мк.
По скоро еден месец лекување, тој добил отпусно писмо од Инфективната клиника, околу два часа, откако доби поблага мерка за обезбедување присуство. Бил префрлен до затворот „Скопје“ од страна на затворската полиција, а потоа, припадници на МВР го префриле во неговиот дом.
„А1он“ се обрати до неговиот адвокат Александар Трајковски за тоа дали станува збор за коинциденција што Зеќири е пуштен од притвор истиот ден кога тој доби одлука да излезе од затворот, но тој кажа дека нема да дава изјави до понеделник. Се обративме и до директорката на Инфективната клиника, каде Зеќири се лекувал, за тоа дали осомничениот ексгенерален секретар на Влада сам барал да ја напушти болницата или тоа било одлука на докторите, но таа не одговори на нашиот повик, пишува а1он.мк.
Мухамед Зеќири е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинителството, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани. „Со преземените дејствија осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 57.932.100,00 денари, а на штета на Буџетот на Македонија.