Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права му упати порака на француски јазик на претседателот Емануел Макрон, во која ја осудува неговата одлука целосно да застане на страната на Бугарија во спорот со Македонија. Според организацијата на канадскиот активист Бил Николов, пораката му ја испратиле на „јазикот на Република Западна Франција“ – алузија на францускиот предлог кој, ако биде спроведен во целост, ќе предизвика бришење на македонскиот идентитет.
Нашата осуда на антимакедонскиот предлог на Макрон ја преведовме и на јазикот на Република Западна Франција, за да може полесно да ја разбере, порачуваат од ММДЧП.
Нашата осуда на антимакедонскиот предлог на Макрон ја преведовме и на јазикот на Република Западна Франција, за да може полесно да ја разбере.https://t.co/CBSOVZz1ei#НашетоИмеЕМакедонија #Македонија
— Macedonian Human Rights Movement International (@mhrmi) June 29, 2022
Со таканаречениот „француски предлог“, Емануел Макрон целосно ги прифати бугарските барања и ги вклучи во условите што Македонија мора да ги исполни за членство во ЕУ, а потоа тие беа прифатени и од Европската Унија. Комесарот на ЕУ за проширување и политика кон соседите Оливер Вархеји соопшти дека „ЕУ ги сфаќа сите бугарски барања многу сериозно и тие се дел од преговарачкиот процес. Сега е време за носење одговорни одлуки. Западниот Балкан треба да биде дел од Европската Унија. Ќе бидеме посилни заедно“… ММДЧП прашува дали некоја земја членка на ЕУ или евро-пратеник би се откажал од својот идентитет. Особено прашуваме дали Франција би прифатила дека нејзиниот јазик и култура се „германски“; дека нацистите „ја ослободиле“ нивната земја во Втората светска војна“; и дека ново име на земјата ќе биде „Западна Франција“, со откажување од се што е француско. ЕУ не би помислила да бара од Франција да прифати очигледни невистини, налудничава ревизија на историјата и кршење на основното право на самоопределување. Не треба да го бара тоа ни од Македонија, порача организацијата за заштита на човековите права на Македонците во својата порака до Макрон.