Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не верува дека земјите-членки на ЕУ ќе дозволат билатералните проблеми меѓу Скопје и Софија да станат дел од преговарачката рамка и со тоа да станат проблем на целата ЕУ.
„Ако прецизно ја читате таа изјава ќе видите дека тоа што тој го зборува, го зборуваме ние како ВМРО-ДПМНЕ и јас лично месеци наназад, а тоа е дека нашите билатерални проблеми и сите барања што ги има официјална Софија ќе влезат во преговарачката рамка. Што значи дека или ќе се асимилираме односно ќе се бугаризираме и како такви ќе влеземе во ЕУ или нема за нас ЕУ и покрај тоа што ќе се случи таа прва меѓувладина конференција. Но, јас сум убеден дека земјите-членки нема да го дозволат тоа бидејќи многу пати во минатото истите тие земји-членки кажаа дека билатералните проблеми се само билатерални и тие никако не може да бидат мултилатерални односно проблеми на земјите-членки на ЕУ со земјите кои се кандидати, изјави Мицкоски.