Од кабинетот на Министерот за правда Никола Тупанчевски со денови одбиваат да одговорат на новинарските прашања и да ги покажат неговите уплатници, со кои ќе потврди дека самиот платил за превозот до Палермо и за билетот за влез на натпреварот Македонија – Италија.
Тупанчевски изјави дека самиот платил за билетите, и дека не бил почестен од Фудбалската федерација на Македонија или од друга страна. Истото го изјави и обвинителката Фатиме Фетаи, која ги покажа сметкопотврдите. Но, новинарите бргу увидоа дека Фетаи парите ги уплатила дури по натпреварот во Палермо – односно по се изгледа се обидела да ја излаже јавноста и отпосле да плати за подарените билети.
Од Канал 5 велат дека повеќе пати се обратиле до кабинетот на Тупанчевски да ги покажат уплатниците, но од таму се вадат на презафатеност на министерот и одбиваат да го сторат тоа.