Миленко Неделковски во последното негово видео во детали го образложува колку е штетен и опасен најновиот развој на настани околу Македонската православна црква. Додека во Синодот на МПЦ молчат, јасно е дека Србија нуди само автономија за македонската црква, а не и целосна независност.
Да биде појасно – автономна црква, што на грчки значи само-закон, е поим во православието што означува локална црква која стекнала внатрешно управување од една или друга автокефална црква, која ја вклучила автономната црква како егзархија или епархија. Поглаварот на автономната црква се избира со согласност на патријархот на автокефалната црква. Ние бевме автокефална црква. Автокефална црква е целосно независна од Вселенскиот Собор и може да ги прави своите сопствени одлуки за својата работа и своите прописи. Вселенскиот Собор е составен од претставници на сите автокефални цркви. Значи од автокефална, ние се направивме автономна. Од македонска – охридска. Одземено ни е се. Одземена ни е територија, одземена ни е црква во дијаспора, одземено ни е име, земени ни се сите права и спуштени сме надолу. Дури немаме ни мајка црква, ни маќеа, вели Миленко.