Партијата Левица на вчерашниот протест за поддршка на Ламбе Алабаковски поставила три цели:
- Ослободителна пресуда за Ламбе Алабаковски;
- Кривично гонење на претседателот на клубот “Ванчо Михајлов” заради излагање на подбив на македонскиот народ;
- Протестна нота за амбасадорот на Република Бугарија од страна на Министерството за надворешни работи поради континуирано негирање на македонскиот народ.
– Македонија не била администрирана, туку окупирана и поробена под чизмата на бугарскиот фашистички окупатор. Како тогаш, така и сега, народот одбива да се потчини на фашистичката омраза, која усмртила многу македонски револуционери, како и чесни луѓе.
Годините на поѓубрување на почвата за да израсне витален фашистички сноп, ни ги отапе сетилата, за сега да рехабилитираат злосторници. Да го рехабилитираат најголемиот крвник на слободна Македонија, Ванчо Михајлов!
Затоа, КОГА, ако не сега? Кога помеѓу Скопје и Софија се преговара за македонскиот јазик!
Да живее Македонија!
Да живее Народно-ослободителната борба!
Да живее Георги Димитров и секој следен непријател на михајловизмот, зошто тој е пријател на Македонија, велат од Левица.