После недоветната поделба „за ЕУ“ и „против ЕУ’, која ја промовира врхушката на криминалната тајфа на власт, сметајќи се себе за предводник на Македонија и на народот по европскиот пат трасиран од друг, со нова, актуелна и опасна категоризација, истите тие марионети на „стратешките партнери“, појачани од соѕвездието пропагандистички измеќари, го поделија народот во два спротивни табори – „русофоби“ и „русофили“!
Ново Информбиро?
Тоа е грмолавина од кодошење, со заплашување и замолчување!
Тоа е срамно однесување на грст материјалисти, платени да наметнуваат и да спроведуваат туѓи агенди и интереси, дотаму дрско, што, со осуда, го игнорираат правото на самоопределба во мисловна смисла – прифаќање или отфрлање на туѓи политички цели, при тоа, без омраза кон било кој народ, држава…
А туѓите цели на западните камшикари се одамна одомаќинети во нашата земја и непречено се реализираат. Со свое видение и наметнати смерници, тие, место нас, се изјаснуваат за нашите витални прашања, а потоа нѐ оценуваат што сме исполниле а што не, наводно, како критериум за во ЕУ, без да ги почитуваат нашето достоинство, совест и чест, како и правото на здраворазумниот човек да ја отфрли заканата, која со присила го редефинира неговиот национален идентитет.
Затоа, ја отфрлам прозападната политика, која е профашистичка, колонијалистичко-робовладетелска и која нема право да настапува во име на Меѓународната заедница, бидејќи е мал дел од неа, чие име се злоупотребува од шака економски моќници и политички марионети на НАТО, односно на англо-американската, наметната и во Европа, политика.
Не е утеха, ама треба да се каже дека тие што ни се наметнаа и здружено нѐ колваат, и ни ја третираат државата како тоалетна хартија, а нас Македонците како отпадници од човечкиот род, меѓу себе не се поштедија. Колонијалниот систем, или современиот неоколонијализам форсиран од Америка, која во никого не гледа партнер, туку марионета, ја колонизира и Европа, убедувајќи ја – заедно да ја уништиме Русија, а потоа и вас. Не стигнаа да ја уништат Мечката, и тоа нема да се случи, но затоа, англо-американската втора фаза за уништување на Европа, е во тек. Хороскопот на ЕУ, која веќе не е самостојна организација, го штелуваа до распад. Пропаѓа старата дама, посебно откако НАТО стапна во нејзината срцевина и ја претвори во сопствена база и команда, како „партнерство за мир“, која циркуска пародија денеска само понекој, за потсмев, ја споменува.
Тој навидум здружен Запад, со својот посеан вирус кој го разорува човештвото, нема снага во судир и спротивставување со Истокот, да успее. Неоколонијалниот систем пропаѓа заедно со збувнатиот фашизам, чии творци и следбеници не можат да сфатат дека во иста вода не се стапнува по втор пат.
Америка одамна почна да ја губи својата доминација на светски џандар и апаш, посебно кога Русија во 2022 година ѝ покажа нова ориентација за Истокот и Западот, стави точка на напредокот на НАТО и можноста да ја докачи за вратот. Затоа Соленбрег ја брани Украина преку телевизија и само повикува за нов дотур на оружје. Не праќа трупи, а нема ни војници кои би отишле да гинат… За да трае, трае војната, надевајќи се дека Русија ќе ослабне и ќе попушти, ќе ги врати освоените територии!
„Миротворците“ кои ја снабдуваат со оружје Украина, а забрануваат на Русија да ѝ се доставува од Кина и други земји, од подалеку морално ја куражат дека се со неа! Со епски стихови пеени и од нашите паролаши, нѐ забавуваат дека „Украина е морален победник – го обедини демократскиот свет“, „Русија мора да се победи“. Разгракани ја забошотуваат вистината дека Америте изгубија, НАТО не успеа и мора да се себе-укине, барем во Европа, која спрема Орбан, поддржан и од други политичари, треба да формира свој воен сојуз, без сегашното НАТО.
Македонија се сврсти како држава во таборот на „русофоби“, усогласувајќи ја во таа смисла внатрешната и надворешната политика со Западот, без алтернатива. Затоа, „нашите“ водачи кои ја препуштија судбината на земјава во туѓи раце, трчаат да ја „спасуваат“ Украина, да парадираат како недоветни по жртвуваната земја, сликајќи се со челните профашисти. Да се штитат интересите на туѓа држава, кога во исто време свесно се врши велепредавство на интересите на државата во чие име се шетаат и китат со ордени, е учество во трагикомичен театар…
А војната сѐ повеќе светот ја карактеризира како одбранбена, бидејќи е јасно дека Русија беше нападната од НАТО, со самото тоа што преку Украина се обиде да ѝ се напика, а имаше договор кој не се испочитува, дека Украина нема да влезе во тој сојуз раководен од суетна врхушка, која не може да се помири дека ѕвездата им е на видлив залез.
Не војува Русија со Украина, која сосе народот е жртвувана. Светот знае кој ја провоцира војната и зошто НАТО со Америте и Англичаните се осојузи кон Истокот. Точка е ставена на ширење на чадорот кон исток. За тоа е свесна Америка. Свесна е и Европа дека е втурната во туѓа војна од која пропаѓа. Измамена, отворено се труди да се ослободи од пријателското ропство, за кое од поодамна стана свесна, но молчеше. Сега, не само што прета, туку и клоца, но тоа е иден расплет.
А на НАТО и Америка им се брза. И на Англичаните. Не се почитува ништо што е противно на нивните интереси. Како што нетрпеливо нѐ чукаа нас по глава да го потпишеме Охридскиот, да го смениме името со Преспанскиот, а сега да го отвориме Уставот. Исто, во тој несреќен за „спогодби“ Охрид, ги присилуваат Србите да го прифатат француско -германскиот ултиматум, во кој нема две страни, бидејќи Косово е насилно отцепен дел од Србија.
Да се разбереме и да ни биде дефинитивно јасно – тие двајцата неписмени силеџии од европтскиот бордел, преставници на американските и англиските интереси, кои ја силат Србија заобиколено да го признае Косово како правен субјект, воопшто не се насекирани што нивните држави се против признавање. Тие имаат задача – пред официјално да капитулира Украина, која повеќе од 20% ја изгуби територијата и својството на држава, Америка да се устоличи на Балканот, со новата НАТО држава, и членка, се разбира – со војска и добиено наоружување за контрола и одбрана, а по брза постапка, државата Косово ќе се обедини со Албанија со која и сега нема граници и ќе ја официјализира маршутата на Г. Албанија. Не случајно Албанија е местото каде се градат НАТО базите, а Криволак е базата поврзана со Бондстил, каде се стокми заедничкиот одбранбен систем меѓу Косово и Македонија, кој е големоалбански и дел од Тиранската платформа.
Тоа не е сѐ – Македонија отворено ја следи судбината на Косово. Не случајно брзоплето се повлече барањето за албански заедници, бидејќи е преурането. Но, во Прешевската долина синхронизирано се дејствува, исто како и во Босна. Во тоа помага и американската платформа за Отворен Балкан. Сѐ е обмислено со лаги и закани. Тенденцијата е одредени народи, посебно од Балканот, за сметка на други, да ја изгубат својата историска свест.
Ропството е новата лика на слободата, кој благодет во Македонија го консумираме, и со залагањето на Македонците од власта, чекаме – Бугарите и Албанците да ја поделат и врамат сликата на Санстефанија и Шкиперија е Маде. Тоа брзо ќе се оствари ако Србија ја потпише, или заобиколно ја прифати велепредавничката „двострана спогодба“. Потоа ја чека делба на планирани републики, секакви општини и чуки, до целосно раскомадување.
Жално е за мене сето ова што се случува. Се надевам дека ќе се сопре овој фашистички сатанистички терор, ако Русите, помогнати од Кина, Индија, Арапскиот, Јужноамериканскиот, и другиот напреден свет, ги победат глобалистите и воспостават нов мултиполарен геополитички систем, во кој, со Господ напред, белким ќе се почувствуваме човечки битија!
Колумна на Јагнула Куновска за Плусинфо.