Бизнисменот и сопственик на Еуростандард банката во стечај Трифун Костовски му испрати предупредување на премиерот Ковачевски.
Костовски во колумна вели дека извештајот Еуростандард банка на кој работеле подолго време повеќе домашни и странски експерти е готов и наскоро може да биде објавен.
Според него извештајот може да предизвика хаос во македонското стопанство.
„Извештајот нема да го објавам пред годишните одмори од причина што се поканети еминентни експерти од ЕУ да бидат презентери на истиот и во дадениов момент не успеавме да ги договориме временските рамки за нивно присуство. Фрапантноста на извештајот е толку голема за Р. Македонија што и самиот се ставам во ситуација да размислам дали воопшто да го објавам бидејќи пред аргументите кои ќе бидат изнесени нема сила, читајте државна институција да молчи и да не реагира по истиот со можни мошне лоши консеквенци за Македонија. Со извештајот делумно се запознати одредени амбасади во Р. Македонија кои плашејќи се од можните последици ме упатуваат на мудрост.“, вели Костовски во колумната.