По прогласувањето на канонско единство со македонската црква, се огласи и поранешниот пратеник од СДСМ, а сега градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, кој не заборави да ја спомене заслугата на поранешниот премиер Зоран Заев за оваа одлука на Вселенската Патријаршија:
Стаса добар абер, добри луѓе, подобар не може да биде. Народот наш македонски рекол:„рпение, спасение, или: Кој чека ќе дочека. Ако на овие изреки ја придодадеме и поговорка: „Добриот збор железни порти отвора“, тогаш во ова тројство од народни мудрости е собрана целата вистина за прекрасната вест која ги разгали срцата на сите македонски чеда, возљубени во Христа и во својата Црква.
Дочека мој народе, дочекавте мои сограѓани – православни христијани, да му се радувате на она што го заслуживте. Трпението и чекањето вродија со плод, а добриот збор на нашиот сограѓанин, поранешниот македонски премиер Зоран Заев, ширум ги отвори портите на Вселенската Патријаршија.
Признавањето и влегувњето на Охридската Архиепископија во православното семејство на помесни цркви е најубавото нешто што можеше да ни се случи.
Доброто добро носи. Уште многу добри нешта ќе дочекаме заедно. Нека ни е честито. Нека ни е за многу години“, напиша струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов, на својот профил на социјалните мрежи.