Медиумите јавуваат дека компанијата што поранешниот премиер Никола Груевски лани ја регистрираше во Унгарија, за пет месеци направила профит од 10,000 евра.
Груевски беше осуден од македонскиот суд на две години затвор во 2018 година за недозволена набавка на луксузно возило и на уште седум години за перење пари во април во отсуство, откако побегна од Северна Македонија во 2018 година со помош на унгарски дипломати. Тој потоа доби азил од владата на Орбан по забрзана постапка и одби да се врати во својата татковина.
Оттогаш Груевски избегнува публицитет и малку се знае за неговите услови за живеење и активности. Но, тој се најде на насловните страници минатото лето кога ја основаше I.C.I.C. Ltd, мала компанија во село на периферијата на Будимпешта. Фирмата е регистрирана во напуштена куќа без знаци на активност, а Груевски е наведен како единствен сопственик и главен извршен директор.
Главниот фокус на компанијата се деловни консултации, но исто така е лиценцирана да спроведува широк спектар на други активности, како што се трговија на големо со порцелан, стакларија и производи за чистење; трговија на големо со храна, пијалоци и тутун; управување со средства; и рекламирање, односи со јавноста и комуникација.