Навивачите на Вардар – Комити – ги прашаа битолските Чкембари што мислат да прават во врска со отворањето на клуб посветен на Ванчо Михајлов во Битола.
Не сте безгрешни, но сте истински и Не дозволуваме во Скопје да не прават Бугари, беа пораките на скопските навивачи до Битолчаните. Клубот на здружение на Бугари од Битола беше отворен пред две недели, без поголем инцидент, освен протести на граѓани кои посочија дека Ванчо Михајлов бил соработник на фашистите.
Пред дваесетина години, Комитите растурија обид за формирање на клуб Радко – исто така инспириран од Ванчо Михајлов. Тој обид заврши со бркотница по скопскиот кеј. За време на ракоментниот натпревфар Вардар – Пелистер, Комитите потсетија на овој настан – „уште пред 20 години го уништивме Радко, а сега вие ко пи… спиете слатко“.