Македонскиот Бугарин Петар Колев смета дека поранешниот специјален претставник за Бугарија Владо Бучковски нема погодено ниту една прогноза за македонско-бугарските односи. Според Колев, најкорисно е професорот да молчи, бидејќи со тресењето зелени го минира решавањето на проблемот.
„Едно нешто што кажа до сега не погоди, но продолжува со прогнозите проф. Бучковски. Прогнозираше дека ќе се реши проблемот за 1 година, дека Даниел Лорер ќе биде надворешен министер на Бугарија, новата влада на Петков ќе го кренела ветото безусловно и ред други шпекулации само и само да е интересен. Дајте кажете му на проф. Бучковски да не тресе зелени по медиуми, само создава проблеми и го минира решавањето на проблемот со Бугарија.“, напиша Колев на фејсбук.