„И денеска се продолжува со понижувањето на македонската демократија, во собранието од страна на нелегитимниот премиер кој што во утринските часови прекинуваше пратеници со дофрлања од место дека многу викале и не можел да ги слуша. Очигледно е дека премиерот деновиве има проблем со вниманието е и не е подготвен да се соочи со аргументите на опозицијата. Излегува и чита готови прес конференции“, нагласи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки од собраниската говорница.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека во обид за дефокус премиерот навредил негова колешка на сексистичка основа.
„Во обид за дефокус премиерот и денес навреди наша колешка на сексистичка основа а во текот на вчерашниот ден колега го нарече дека е глупи август, а се дополни со нова изјава дека бил пион кој што можел да стане кралица, но коњот засекогаш ќе останел коњ. Брука, ова е дно. Обичниот пион на Груби односно на Артан Груби пати од комплекс на помала вредност затоа што не бил на избори и не е избран. Но сепак сака да стане кралица и мисли дека може да ги навредува избраните пратеници“, истакна Ковачки.