Францускиот претседател Емануел Макрон тесно победи во првиот круг на претседателските избори, во неизвесен дуел со десничарската кандидатка Марин Ле Пен со која ќе се соочи и во вториот круг по две недели. Крајно левичарскиот кандидат Меланшон беше блиску до Ле Пен, и благодарение пред се на гласовите на имигрантите во Париз, и самиот дојде блиску до влез во вториот круг.
Макрон освои 28.6 проценти од гласовите, пред Ле Пен со 24.4 проценти. Меланшон доби 20.2 проценти, а крајниот десничар Земер – 6.8 проценти. Се очекува гласачите на Земер масовно да ја поддржат Ле Пен во вториот круг, додека гласачите на Меланшон да бидат или поделени или да абстинираат – Меланшон ги повика во никој случај да не гласаат за Ле Пен.
Интересно е тоа што победата на Макрон во целост зависи од најстарите гласачи. тој освоил дури 41 проценти од гласовите на граѓаните над 70 години, и тука ја изгради разликата пред Ле Пен, која освои само 13 проценти од гласовите во оваа категорија. Ле Пен тесно го победи Макрон во сите други старосни категории, освен во уште една „пензионерска“ категорија – од 60 до 69 години, каде Макрон победи со 30 проценти, наспроти 22 за Ле Пен.
Меланшон, пак, победи кај најмладите гласачи. Дури 34 проценти од Французите на возраст од 18 до 24 години гласаа за левичарот.