Ивон Величковски од Либералната партија оценува дека Македонците ќе и бидат благодарни на Медлин Олбрајт за нејзината улога во регионот. По смртта на Олбрајт, која беше најавена вчера, низ Балканот, низ Блискиот Исток и низ источна Европа имаше силни реакции од земјите и народите кои биле зафатени од нејзината политика. Според Величковски, реакцијата од Македонија треба да биде поволна.
По заминувањето на Медлин Олбрајт: Благодарноста од Балканот е посилна од омразата од авторитаристите. Или зошто Македонците ќе и бидат благодарни на Мадам Олбрајт. И на темелната надворешна политика на американската администрација во која таа служеше.Како и многу други настани, ние Македонците држени во стакленото ѕвоно на југословенската идила, со задоцнување го согледува(в)ме историскиот контекст на премрежјата што ни минуваа(т) пред очи. Кога денес социјалните мрежи го вадат најцрното од генерациите лишени од идиличната дремка на дваесетмилионската федерација, време е да се соочиме со фактите. Чехословачката бегалка од Втората светска војна ја сакала и својата нова татковина САД и повоениот систем на превенција на злото на нацистичкиот и (пост)советскиот клепто-авторитаризам. Тоа е основата на нејзиниот политички правец. На Балканот, таа не е виновна за злоделата на Милошевиќ и неговите орди од Хрватска, преку БиХ до Косово. Ниту за Дејтонскиот договор, за кој секогаш предупредување дека е само почеток на создавањето функционална БиХ. Уште помалку за создавањето независна косовска држава, со која репресијата заснована на историска фама е заменета со држава на слобода по сопствен избор. Во однос на НАТО, таа не е виновна за остварената цел на Полска, Чешка и Унгарија да бидат дел од Алијансата.
Ниту како Амбасадор во ОН, ниту како Државен секретар.
Но ќе била виновна доколку ги спречеше овие историски моменти и одлуки. Оти без нив, Западниот Балкан и Источна Европа денес ќе останеше само предворје на агресијата во Украина. Бескромпромисноста кон геноцидот во Сребреница и превенцијата на истите слики во Косово спречија реки крв на Балканот. И во Македонија. Без силен американски (и координирано европски) ангажман 2001 сеуште ќе траеше. Или Скопје и Косовска Митровица ќе ја делеа истата судбина. Да ги цениме и да им ја оддадеме почитта на оние кои ни помогнале без обврска, затоа што сметале дека е праведно да го живееме сонот за своја држава. Градејќи и следејќи политика и принципи на сопствената држава.
Политичарите во Македонија и особено политичарите Македонци имаат морална обврска ова да го признаат. God speed Madam Albright, напиша Величковски.