Според лидерот на Либералната Партија Ивон Величковски, во македонските партии има вистински и лажни про-западни групации, кои се покажале при групирањето изминатите недели околу војната во Украина. Величковски најостри коментари упатува за партијата Левица на Димитар Апасиев, која ја обвинува за „отворен путинизам“.
Беше само прашање на време кога Левица од „антички чегеваризам“ ќе дојде на своето: отворен путинизам. Оценка за ставот ќе дадат гласачите. Позначајно е прашањето дали, од кога, каква и чија службењачка, финансиска и медиумска поддршка имаа(т) за да се институционализираат и да пробаат да ги пореметат државните стратешки правци. Поддршка од противзаконски карактер низ малигните влијанија на Кремљ и противзаконско дејствување значи санкционирање и за тоа има државни органи. Се друго е легитимно. Она што е позначајно е што „старите“ партии минатиот месец ги потврдија оценките на неколкумина од нас вон сегашните партиски системи – дека во секоја од партиите (особено кај Македонците) има по една вистинска и по една лажна про-ЕУ и НАТО определена групација. По нападот врз Украина, ВМРО-ДПМНЕ нерешително и неволно ја осуди руската инвазија, со редица правдања и објаснувања на позициите на Мицкоски и Николовски. Недвосмислен и навремен став од таму дојде само од Милошоски. СДСМ, пак, преку Ковачевски и Петровска ја осуди агресијата и го предизвикаа омаловажувањето врз капацитетите на Армијата и Министерот за одбрана од традиционалната „јавност“ и „интелектуала“ на „Бихаќка“, порача Величковски.
Целосното негово интервју за Прес24 можете да го прочитате тука.