Сакаме паритет на небото, за да има рамнотежа. Не можеме да и даваме предност само на Руската Федерација, бидејќи таа нас не бомбардира, пука, фрла бомби, лансира ракети, борбени хеликоптери, борбени авиони – многу работи. Ние не го правиме тоа затоа што немаме небо, ние не го контролираме, рече претседателот во интервју за американска телевизија
Тој истакна дека Украина се обратила до САД и другите земји со молба да обезбедат воени авиони од советско производство кои се наоѓаат на територијата на Полска. „Го проучивме ова прашање, знаеме каде се наоѓаат овие авиони од советско производство, во кои земји. Ги побаравме. И сега многу од ова прашање зависи од Соединетите Американски Држави“, рече Претседателот. Володимир Зеленски истакна дека Претседателот на САД може да вложи дополнителни напори за решавање на ова прашање.
Убеден сум дека Претседателот може да направи повеќе. Сигурен сум дека може. И сакам да верувам дека тој е во состојба да го направи тоа, рече Зеленски.