Новинарот Васко Ефтов во неговата анализа во емисијата Во Центар рече дека ВМРО-ДПМНЕ постојано ги блокира процесите во Македонија, а тоа на народот во еден период ќе му дојде преку глава, па затоа на среден рок партијата ќе биде во длабока политичка опозиција и тешко ќе дојде на власт.
Во изминатите десетина дена во врвот на ВМРО-ДПМНЕ се случува конфликт меѓу шпицниот кандидат за премиер на изборите 2020 година, и мајката на градот Скопје. ВМРО-ДПМНЕ се промовира во партија која кога е опозиција ги блокира сите битни процеси во Македонија. Во еден период тоа ќе им збоктиса на граѓаните од тие опструкции. На крај ќе им се случи тоа што му се случи на ДУИ во Тетово со Билал Касами. Нови избори на кои беа прегазени ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ е подготвено се да направи за да дојде на власт повторно. Тоа е главната опасност на конфликтот меѓу Аросвска и Мицкоски. Кој ќе биде во Белата палата е сосема небитно ќе водат иста политика. На среден рок таа партија ќе биде во длабока политичка опозиција и тешко ќе дојде на власт во Македонија, смета Ефтов.
https://youtu.be/qfPP5L3chEo?t=450