Европските обвинители имаат снимки за поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, во кои се гледа дека поткуп од бизнисмен.
Се работи за бизнисменот Васил Божков – Черепот, еден од водечките бугарски олигарси кој во 2020 година побегна од Бугарија, по наводен конфликт со Борисов.
Борисов беше уапсен вчера заедно со поранешниот министер за финансии и неколку други негови функционери, но не по барање на бугарското обвинителство, туку на иницијатива на европската обвинителка Лаура Ковеши. Тој се сомничи за земање поткуп од зделки кои вклучувале трошење ЕУ фондови.
Приврзаници на партијата ГЕРБ на Борисов протестираат во центарот на Софија, обвинувајќи за диктатура, откако премиерот Кирил Петков најави дека ќе соработува со обвинителството на ЕУ, и побара бугарскиот обвинител да се вклучи во истрагата.
Ова е диктатура, сакаме оставки. Сведоци сме на комунистичката пракса, обвинуваат претставниците на ГЕРБ Костадин Ангелов и Красен Кралев.