Нови повици Македонците да ја осудат руската инвазија врз Украина дојдоа од гостите што Телма ТВ ги покани да дискутираат за македонската положба кон ЕУ. Емил Кирјас, поранешен наш дипломат и шеф на младинската организација на либералните партии во ЕУ, оцени дека Македонија треба да се солидаризира со Украина како со земја на која поголем сосед и го оспорува идентитетот.
Она што е важно за македонските граѓани е да се истакне зошто сме сите против руската агресија во Украина? Затоа што македонскиот национален интерес е во прашање. Во нашиот интерес е да нема менување на границите, да нема поставување на прашања за идентитетот и да нема поставување на прашања за посебноста на европските анции. Тука е борбата во краина – за опстанок на Украинците како посебна нација и покрај нивниот помоќен сосед. Ова е важно за нас особено во моменти кога европскиот процес ни е блокиран од соседи кои ни го оспоруваат нашиот идентитет, нашето право на постоење па дури и нашата историска поставеност како нација и идентитет, изјави Кирјас.