Јавноста со право е фрустрирана поради економските текови кои се поврзани со надворешни фактори, како и од пандемијата и од забавувањето на европските текови, но работа на Владата е да ги води и предводи работи а не да јава на расположенијата на граѓаните. Граѓаните се фрустрирани, но тие гледаат појасно од многу политичари, вели министерот за надоврешни работи Бујар Османи за Утрински брифинг.
Османи вели дека ново во надворешната политика е стратешкиот договор со САД, а со ЕУ продолжуваат разговори на паралелни текови оти нашата цел е да создадеме европска и функционална држава. Сепак, вели Османи, мора да добиеме одговор од ЕУ што понатаму.
Овие два месеца треба да се вложиме оти ова е една од последните шанси да ги надминеме разликите со Бугарија и да ги започнеме европските процеси, вели Османи. Османи вели дека не е само поради поддршката од јавноста. Ние нема да најдеме друга алтернатива на ЕУ, но ова малтретирање на граѓаните не смее да продолжи, коментира Османи.