Партијата ДУИ испрати честитка до македонските православни верници на одлуката на Вселенската Патријаршија да ја прими МПЦ во канонско единство.
Во оваа прилика им изразуваме искрени честитки на сите православни верници во нашата земја за оваа долгоочекувана одлука, која им дава еднаков статус на верска проповед со сите православни верници во светот. Од исклучително значење за иднината на државата е што се решава уште еден повеќегодишен спор. Оваа одлука ги зајакнува темелите на стаилноста во регионот и ги афирмира вредностите на меѓуверска почит и толеранција. Демократската Унија за Интеграција смета дека хоризонтот на помирување меѓу народите е отворен и на овој пат кој цели кон заедничката европска иднина на целиот регион мора да се
продолжи со носење на храри одлуки и да преовладува рационалноста над штетните изолирачки недоразирања, велат во соопштението.