Еден од најголемите поддржувачи на власта, Ненад Јовановиќ се истакна со уште една „голема мудрост“ дека Македонците се „глупираат“ , а Албанците биле најревносни Европејци!
-Од деца во училиште не учеа дека – или ни создаваа предрасуди – Албанците се некое диво племе, нешто меѓу луѓе и животни. Истиот манир, истата предрасуда ја користи и Павле Т. – пишува Јовановиќ и додава:
-Заборава дека денес Албанците се најревносни за Европеизација на земјата; само Македонците се тие кои гаат ресентимани од минатото, само тие се глупираат, сплеткарат, маваат сопки, само за да ги запрат Европските интеграции. И после ќе се чудиме зошто тие луѓе понекогаш немаат доверба во нас.
Неговата изјава кратко ја искоментира адвокатот Војо Димоски:
Да му го имам умов на пола саат, да се одморам