За поранешниот директор на Царинската управа Драган Даравелски, кој вчера беше уапсен при влез во Македонија, не настапила застареност на затворската казна изречена со пресуда во 2008-ма за злоупотреба на службена должност .
„Застареноста на извршувањето на казната за овој вид на злоупотреба на службената должност, за кој пресудата стана правосилна во 2008 година, настапува по 20 години – објаснија од Скопскиот кривичен суд.
Даравелски беше уапсен на граничниот премин „Табановце“ при обид да влезе во земјава од Србија каде две децении се криеше од правдата, а српските власти во три наврати не одговараа на барањањето за негова екстрадиција во земјава..
По шпекулациите дека тој само една ноќ ќе помине во затворот „Идризово“ каде што вчера беше однесен, во судот денеска велат дека, според нивни информации, тој се уште е таму и се очекува Основниот суд во Куманово, каде што Даравалски за последен пат имал пријавено живеалиште, да го задржи во затворот или, во случај на добивање некаков приговор или жалба, случајот да го препрати до Кривичниот суд во Скопје, дознава „Слободен печат“.