Милијардерот Илон Маск, сопственикот на Тесла и Спејс-Екс, инвестираше три милијарди долари во социјалната мрежа Твитер со што купи скоро 10 проценти од компанијата и стана нејзин најголем поединечен акционер.
Со ова, Маск добил место на одборот на директори на Твитер и можност да влијае врз работата на компанијата. Твитер отворено се исполитизира во 2020 година, кога го забрани профилот на претседателот Доналд Трамп и цензурираше вести за корупцијата на Хантер Бајден – синот на неговиот противкандидат. Се очекува дека Маск нема да дозволи вака лесно да се бришат профили од политички причини, како и дека ќе ја прекине праксата Твитер да ги крие коментарите на политички неподобни профили.
Стравот во етаблираните медиуми блиску до актуелната власт во Белата Куќа е нескриен. Весникот „Вашингтон Пост“ објави колумна од новинар на агенцијата Блумберг, во која предупредува дека потегот на Маск е „лоша вест за слободата на говорот“, бидејќи милијардерите не би требало така лесно да можат да купуваат медиуми и социјални платформи.
Ова предизвика потсмев кај Маск, кој коментираше (на Твитер) со порака – „Вашингтон Пост секогаш е тука да те насмее 🙂 :)“
WaPo always good for a laugh 🤣🤣
— Elon Musk (@elonmusk) April 5, 2022
Причината за ова е што весникот Вашингтон Пост пред неколку години беше купен од милијардерот Џеф Безос – сопственикот на Амазон, и уредувачката политика на весникот е отворено левичарска и во поддршка на претседателот Бајден. Блумберг, пак, е во сопственост секако на милијардерот Мајкл Блумберг, поранешен градоначалник на Њујорк кој дури и се кандидираше против Трамп на изборите во 2020 година.