Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски испрати порака по повод 119-годишнината од загинувањето на Гоце Делчев. Во неа, Груевски потсети на зборовите припишани на Гоце во историскиот роман „Илинден“ – Оној кој копнее, што работи да ја присоедини кон Бугарија или кон Грција, тој може да се мисли за добар Бугарин, или за добар Грк, но не и добар Македонец.
119 години…Вечна му слава!
“Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли поинаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите”
Гоце Делчев (до Ефрем Каранов од 17 Октомври 1895г)
“Оној кој копнее, што работи да ја присоедини кон Бугарија или кон Грција, тој може да се мисли за добар Бугарин, или за добар Грк, но не и добар Македонец. Таквиот Бугарин или Грк го подржува и вечниот раздор меѓу балканските народи, кои треба да живеат во братска дружба за да бидат пресреќни. Македонија им припаѓа на сите Македонци, без разлика на религијата, нацијата и јазиците, во утрешна слободна Македонија и преку неа ќе се здружуваат сите балкански народи.”
Говор на Гоце Делчев во Преспа во есента 1901 година, од историскиот роман на Димитар Талев “Илинден” –прв пат издаден во 1953г.во Бугарија
“Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има и народ понесреќен од Македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, одколку во Македонија…”
Писмо до Даме Груев