По сериозни притисоци од страна на западните сојузници, Германија се согласи да и даде оружје на Украина. Досега најважната пратка што Украина ја доби од Германците се 2,700 противавионски проектили од типот „стрела“.
Но, откако ја примиле пратката, Украинците се пожалиле дека проектилите се толку многу рѓосани што голем дел од нив се неупотребливи, па дури и опасни за тој што ракува со нив. Од 2,700 проектили, 700 биле уништени. Тие биле испорачани во мувлосани дрвени кутии и германските војници кои го донеле носеле заштитна опрема за рацете.
Проектилите стрела се од советско производство и доаѓаат од магацините на старата источно-германска армија. Украинците не можат да се натпреваруваат со руските летала во отворен судир, но се обидуваат да парираат со рачни противавионски ракети од видовите „стрела“ и „стингер“.