Владиката Тимотеј од Македонската православна црква потврди дека од оваа недела, Македонија е дел од црковниот спор меѓу Русија и Вселенската Патријаршија, која е поддржувана од САД. Прашан што доколку СПЦ не се согласи да ја признае автокефалноста на МПЦ, и дали Вселенскиот Патријарх има овластување сам да го потпише томосот, Тимотеј вели тоа може да го направи, но прашање е дали ќе биде валидно за сите православни цркви.
Знаете дека во овој момент има голем судир помеѓу Москва и Цариград. Така да нема да го примат. Како што веќе има изјави од Москва и за ова решение на Цариград, дека тие тоа не го признаваат, а ние не сме заинтересирани да не бидеме признати од Москва. Сепак, тоа е најголема православна земја и најголем православен народ, изјави владиката Тимотеј.
За ставот на Руската православна црква, која се изјасни дека ги признава исклучиво правата на СПЦ во Македонија, тој вели дека Москва си ги штити своите интереси визави Цариград, поради Украина.
И тоа е легитимно нивно право. Дали јас се согласувам или не се согласувам тоа е друго прашање, додава митрополитит Дебарско-кичевски.