Во Москва денес се одржува голема парада во чест на Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна.
Претседателот Владимир Путин упати порака дека војната што Русија сега ја води во Украина можела да биде избегната, но поради притисокот од НАТО, таа станала неизбежна.
Наша должност е да ги чуваме спомените на оние поради кои сме победници и да не ја повториме светската војна. Изминативе години се обидувавме да ги одржуваме мировните договори, но не сакаа да не слушнат. Имавме потполно други планови. НАТО активно оди во правец на нашите територии, а тоа е апсолутно неприфатливо. НАТО работи со украинските нацисти, Украина го добива најмодерното оружје. Одлуката за воената операција, беше единствената исправна одлука, рече Владимир Путин во својот говор.