Премиерот Димитар Ковачевски денес одржа говор во чест на Денот на македонскиот јазик. Но токму кога сакаше да покаже дека е максимално посветен на писменоста и на македонската литература, тој направи комичен гаф. Писателот Видое Подгорец, автор на Ајдучка Чешма, Белото Циганче и многу други книги за деца и младинци, според Ковачевски, стана ВИДЕО Подгорец.
Ја продолжуваме поддршката на голем број книжевни дела од издавачката дејност на Институтот за македонски јазик, како придонес за збогатување и унапредување на македонскиот јазик. Македонскиот јазик е јазикот на Блаже Конески, Гане Тодоровски, Даница Ручигај, Анте Поповски, Славко Јаневски, Матеја Матевски, Петре М. Андреевски, ВиДЕО Подгорец, Оливера Николовска и многу други претходни и сегашни литерати кои оставија илјадници книги напишани од нивното македонско перо, истакна Ковачевски.
https://youtu.be/l5gzalFyj-g?t=102