Велешанката Павлинка Пале Илоска (23), која минатата година го уби својот невенчан сопруг Александар Ристовски (40), денес беше прогласена за невина. Судијата процени дека Илоска убиството го извршила во нужна самоодбрана, откако полицаецот, кој долго време ја малтретирал, ја нападнал вечерта.
Согласно содржината под ноктите на Ристовски, вештаците заклучиле дека тој навистина ја давел Илоска. “Во согласност со кривичниот законик, одбраната е нужна кога е неопходна. Тој ја влечел, клоцал, ја стегнал окоу вратот. Неспорно се утврди дека кај обвинетата имало телесни повреди на главата, ногата и на вратот”, оцени судијката.
Но, драмата не завршува тука. Колеги и пријатели на Ристовски остро реагираа на социјалните мрежи по неговото убиство, а Илоска пред судот рече дека еден од нив и се заканува дека ќе го одмазди убиениот полицаец. Хелсиншкиот комитет најави дека ќе бара одговорност и од колегите на Ристовски кои и се заканувале на Илоска и кои не постапувале по нејзините пријави за семејно насилство кои претходеле на убиството.