Се самоубил човекот кој утрово прво ја претепал, па ја ранил во стомакот 25-годишната девојка од Велес.
Полицијата попладнево го лоцирал напаѓачот во неговиот стан, во зграда, на улица Андон Шурков бр. 27, во близина на Интернатот, па во голема акција, се обидела да го уапси. Во акцијата, полицијата употребила шок бомби и солзавец.
Сепак, лицето по кое трагала полицијата не дозволил да биде уапсен, па непосредно пред да влезат полицајците во станот, тој се самоубил.
Велешките портали објавуваат дека се работи за 38-годишниот Зоран Тодоровски, кој на крајот на 2008 година го убил својот брат и бил осуден на 13 годишна затворска казна.
Утрово, 25-годишна велешанка беше донесена во критична состојба во велешката болница. Девојката имала прострелна рана од оружје во стомакот, но имала и видливи повреди на лицето, кои личеле на повреди од тепање. Таа била донесена во свесна состојба, но молчела на прашањата што и се случило.