Професорката Билјана Ванковска реагира на повиците за оставка на претседателот на Собранието Талат Џафери, поради неговата средба со група претставници од Чеченија – соработници на Рамзан Кадиров и Владимир Путин. Ванковска потсетува дека сепак има многу посериозни причини поради кои би требало да се бара оставка на Џафери.
Убаво е да видиш јавно, дрско и без ракавици барање оставка од Талат. Арно ама, тоа да ти било поради срамот што ни го нанел со приемот на Чеченците и како тоа не’ компромитирало во очите на западните сојузници. Тоа што човеков е генералисимус среде Собрание, се издерава, навредува и реплицира на народни пратеници (плус службите), тоа не е доволно да му се каже „сус“.
Чудни се патиштата божји, ама и влијанието на Западот врз демократизацијата во Македонија – дејствува одоколу. Инаку, он „сус“ никогаш не би го ни помислиле, а камо ли напишале јавно. Вака, ова е западната кауза, а посредно и за нас – ако може…