Бугарија ќе реагира на транспарентот кои Комитите го истакнаа за време на ракометниот натпревар Вардар – Пелистер, со кој ги прекорија Битолчани што дозволија отворање на клуб посветен на Ванчо Михајлов. Одлуката на навивачите на Вардар, Комитите да го изразат својот револт за отворањето на бугарскиот културен клуб Ванчо Михајлов, во Битола, за источниот сосед стана нов проблем. БГНЕС издвои еден од транспарентите на Комити како антибугарски, со осврт на делот дека морала да реагира полицијата.
И покрај сериозното полициско присуство, ниту еден службеник за спроведување на законот не се обиде да ги отстрани или побара симнување на транспарентите, пишува агенцијата БГНЕС, која одблиску ги следи односите меѓу двет земји.
Ова доаѓа по отворањето на бугарскиот културен клуб крстен по соработник на фашистичкиот режим на Хитлер, во присуство на политичкиот крем од Софија, предводен од премиерот на Бугарија, Кирил Петков. Тој после овие случувања ни даде нова насока во преговорите, со таканареченото одложено вето, со кои билатералниот спор со Бугарија ќе стане официјален услов во преговорите на европскиот пат на Македонија.
Дека патот кон ЕУ ќе биде трнлив ни порача и заменичката на Румен Радев, Илијана Јотова, која ни наброја и колку услови мора да исполниме за да го добиеме тој толку посакуван датум.
Бугарија има четири, пет услови кон Република Македонија, кои се поставени многу одамна, уште од моментот во 2019 година кога стана јасно дека после потпишувањето на Договорот за добрососедство ништо не мрднало. После осумнаесет седници на Мешовитата историска комисија ниту еден ред не е сменет во текстовите во училиштата во Република Македонија, вели Јотова.