Бугарското Министерство за надворешни работи експресно информирае дека го одбива предлогот кој вчера го најави министерот Бујар Османи. Османи рече дека Бугарија добила предлог од македонската страна за надминување на историските и малцинските спорови, и дека Македонија сега чека одговор.
Но, од Софија велат дека уште во средината на февруари му кажале на Османи дека предлогот што го дал не е прифатлив. „Разговорите треба да продолжат“, велат бугарските власти. Владата на Ковачевски е очајна да постигне договор со Бугарија во претстојните недели за да избегне уште едно вето во јуни.
Но претставникот на Бугарите во Македонија, Петар Колев, и порача на Владата да не лаже, во својот очај. „Следиш информации од Скопје и од Софија и разбираш дека некој лаже!?“, напиша Колев, споделувајќи изјави од Османи и од бугарската министерка Теодора Генчовска. Уште пред Османи да ја даде својата најава, Генчовска рече дека напредок не е постигнат.