Новинарот Ерол Ризаов му одговори на бугарскиот историчар и потпретседател на комисијата за историски прашања со Македонија Ангел Димитров, откако Димитров обвини дека Македонија и Србија ќе бидат руски „тројански коњи“ во ЕУ. Ова Димитров го кажа со цел да го оправда бугарското вето за Македонија.
Ризаов му одговори на Димитров, посочувајќи дека токму Бугарија била најверен сојузник на Русија, и останува да биде тоа во рамките на ЕУ.
Можете да претпоставите што би се случило ако и македонскиот копретседател, или некој од членовите на истата историска комисија се јави со колумна во која ќе ги предупреди Америка и ЕУ дека најверниот сојузник на Советскиот сојуз и поранешната членка на Варшавскиот пакт, Бугарија никогаш не претстанала да биде рускиот човек во ЕУ и во НАТО. Се разбира, ваква бесмислица ни еден релеватен политичар не изговорил во Македонија.
Според Ризаов, досегашната политика на Бугарија, да ја обвинува Македонија за ревизија и крадење на бугарската историја, веќе не поминува во контекст на руските барања против Украина. Затоа, Ризаов смета, Бугарите ја менуваат тактиката и сега ја обвинуваат Македонија дека е про-руска.
Кога не проаѓаат и никаде во слободниот свет не се прифатливи ревизиите на историјата, во сенката на руската инвазија на Украина, се исфрли новата доктрина за опасноста од проруска и просрпска Македонија ако еден ден стане членка на ЕУ. Ваков шпионски трилер тешко може да режира и Холивуд. Многу плитка и лесно читлива пародија за способноста на македонските политичари и разузнавачки служби да направат таен договор со Русија за да ѝ наштетат на Европската унија, Америка и НАТО, додаде Ризаов.