Руските сили во Мариупол постигнале договор со дел од украинските националисти од батаљонот Азов и од други украински единици да се предадат.
Руските медиуми јавуваат дека почнало предавање на војниците. Договорот што бил постигнат се однесува на ранетите украински војници, но се тврди дека и други војници им се приклучуваат и излегуваат од длабочините на челичарницата каде со месеци ги одбиваат руските напади, а каде долго време држеа и заложници, но повеќето од цивилите кои практично служеа како „живи штитови“ беа ослободени минатата недела
Неодамна излегоа морничави фотографии за тешката состојба внатре во челичарницата Азовстал – на нив се виде дека меѓу украинските војници има тешко ранети, без екстремитети, со отворени рани и сите се оставени без храна и вода.