Home Политика Божиновски: Премиерот Ковачевски, заедно со директорите од Телеком, Љушев и Пројкоски, во...

Божиновски: Премиерот Ковачевски, заедно со директорите од Телеком, Љушев и Пројкоски, во договор со МВР и АМЕРИЧКА АМБАСАДА, почнале да го следат и да го прислушуваат Никола Младенов без судски налог!

2684
0

Новинарот Зоран Божиновски повторно бранува, сериозно обвинениe за кое, како и до сега, не очекуваме да биде забележано од Јавното обвинителство.

Зоран Божиновски во прилог на неговата изјава објави видео ватеријал од кој се слуша гласот на покоен Никола Младенов и Петрит Сарачини:

„МЛАДЕНОВ: ,,Новинарите само шлицот од газдите го бараат, денес пушат во ВМРО, утре пушат во ЕС ДЕ ЕС!,,
Поранешниот новинар, актуелен член на владината администрација, Петрит Сарачини за време на диктатурата на Чудовиштето од Будимпешта, го канел Никола Младенов на некаква средба на новинари, платена од некој странски донатор, да го расправаат и оправаат сериозното домицилно новинарство. Расправата било предвидено да се одвива зад затворени врати, па од 03 минута понатаму, Сарачини му ги набројува учесниците на Младенов за да го кандиса да дојде, ви именува:

Тамара Чаусидис, Драган Антоновски, Роберто Беличанец, Жоро Димитровски, Лирим Дулови, Борјан Јовановски и други…
Ама Младенов ги бара сопствениците на медиумите, сака да расправа со нив! Па вика:

,,Каде ти се сопствениците? Ѕинго и Стојменов ќе бидат ли? Латас ќе дојде! Доста ми е од мегафони, ајде да зборуваме со газдите кои се партнери со власта… новинарите сиромашките глумат кучиња, ќе им фрлат некое поголемо парче месо па ќе се свртат на другата страна… тие се платени да лајат, го бараат шлицот од газдата, денеска пушат у ВМРО, утре ќе пушат у ЕС ДЕ ЕС!, вика Младенов и продолжува… ПОСЛУШАЈТЕ!

Без судски налог од септември 2005 година актуелниот премиер Ковачевски, заедно со директорите од Телеком, Љушев и Пројкоски, а во договор со МВР и АМЕРИЧКА АМБАСАДА, почнале да го следат и да го прислушуваат. Му ги снимале разговорите, ги анализирале, учеле со кого имаат работа, му ја снимале дневната рутина, каде се движи, со кого разговара. За премиерот КОВАЧЕВСКИ, Младенов бил ШТЕТОЧИНА, а бил од посебен интерес на извесен САШЕ!

Младенов е ликвидиран на крај на март 2013 година…“