Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски е видно револтиран поради судските одлуки во Македонија. Според него, треба уште многу да се работи на реформите во правосудството.
Имаме чудни судски одлуки во Македонија во изминатите неколку години. Гордана Јанкуловска уште чмае во затвор, а има мало дете. Кога ќе се сменат основите во судството, тогаш ќе можеме да зборуваме за добро функционирање на државата и на целото општество.“ – рече Божиновски во гостувањето во ТВ Канал 5.
Деновиве на социјалните мрежи се почести се реакциите во кои јавноста бара ослободување на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, која служи затворска казна од четири години за случајот ,,Тенк”, односно за набавката на мерцедесот.
На Гордана и останува уште уште една година и девет месеци до отслужувањето на казната. „Соочени сме со садистички систем, со прогон карактеристичен за тоталитарните режими, а општеството, со ретки исклучоци како сега, е немо и/или гледа сеир и се сити. Секоја мајка може само да претпостави како се носи семејството со ситуацијата, посебно кога е мало дете во прашање. Се потпираме на најблиските.“ – реагираше пред некој ден и нејзиниот сопруг Владимир Илиевски.