Поранешната шарена револуционерка го обвинува СДСМ за двојни стандарди кога станува збор за насилство врз жени! Ивана Божиновска прашува зошто партијата на власт не го осудат нивниот поранешен пратеник и сегашен директор на Македонија пат за насилство врз неговата сопруга?
„Латас е тој што е!
Сите го осудија, барем според мене секој нормален!
Туку СДСМ каде се со осуда за поранешниот пратеник и сегашен директор на “Македонија пат”!
Имено, Костадин Ацевски, според соопштенија и Билтен на МВР редовно си ја тепа сопствената сопруга.
Ја користи својата моќ, на пари, на врски блиски до Власта и неговата сопруга јаде редовно ќотек и и се заканува дека ќе и ги земе децата!
Зарем СДСМ за едни не поддржувате насилство, за други поддржувате па дури и пратеници ги ставате, па потоа и директори?!“, пишува Божиновска.