По објавата дека имало обид за ликвидација, се огласи Петар Богојески Бунтур кој информираше дека во инцидентот учествувале две непознати лица и објави фотографии од локациите на нападите. Богојески исто така тврди дека за случката сведочи семејство кое патувало од Прилеп кон Кривогаштани, па ги повика доколку ја видат објавата да го контактираат него или полицијата.
„Почитувани граѓани и новинари,
Ви благодарам на интересот за вчерашниот инцидент, во кој учествуваа две лица, за мене сеуште непознати!
Ве замолувам за сите прашања во врска со настанот да се обратите до Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme, од причина што и јас сеуште очекувам одговори од таму!
МВР го потврдува инцидентот, а во интерес на истрагата од страна на ОЈО, засега ќе се воздржам од било какви коментари!
Јас сум добро, со мали траги од заштитниот појас врз мене, не се чувствувам вознемирен, а најмалку заплашен!
Напротив, дупло помотивиран да ја продолжиме борбата со бандите кои го уништуваат нашиот народ!
На сликата се локациите од нападите врз мене, во кои за малку ќе настрадаше и трето возило – семејство кое патуваше од Прилеп кон Кривогаштани!
Доколку истите го видите ова известување, ве замолувам да ми се обратите на мене или дирекно во МВР!
Однапред благодарам!“, напиша Богојески.