Петар Богојески упати апел до Бугарската православна црква веднаш да ја признае Македонската православна црква, и тоа како наследничка на Охридската Архиепископија.
БУГАРИ, послушајте! Признајте ја МПЦ – ОА во нејзината полнота, како национална Црква на Македонците и како канонска наследничка на древната Охридска Архиепископија! Тоа направате го денес, сега и веднаш! Кој е писмен во Софија, ќе ме разбере што ви кажувам, а сега вие си знаете!, порача Богојески.
Бугарија пропушти можност да се етаблира како „мајка-црква“ на МПЦ, откако македонскиот синод упати ваква понуда до Бугарија. Но бугарскиот синод во 2019 година се откажа од предлогот по ова да следат заеднички богослужби, и бугарската црква да биде таа која ќе и даде автокефалност на Македонија. По овој неуспех, иницијативата се врати кај српската црква, со која МПЦ сега повторно преговара.