Петар Богојески смета дека Македонија нема никогаш да влезе во ЕУ ако се исполнат најавите на бугарскиот премиер Кирил Петков дека ќе бара помош од ЕУ за остварување на нивните барања,
-МАКЕДОНИЈА НИКОГАШ НЕМА ДА ВЛЕЗЕ ВО ЕУ доколку бугарските услови станат ЕУ услови, со нов бугарски договор, како што не влезе со Преспа!
Бугарските барања имаат руски автор… ако влезат во ЕУ протокол, ќе добиеме руски портир кој никогаш, па ниту тогаш, ќе отвори врата за нас во ЕУ!
Решението е во промена на системот во земјава, од етнички квоти во граѓански, а не во бугарски договори!
Се сеќавате три дена пред Преспа кога ви напишав дека тоа не гарантира ЕУ?
Еве сега ви пишувам малку порано… три месеци пред катастрофата наречена „македонска согласност за ЕУ протокол” да биде потпишана, ви повторувам дека тоа е полошо од Преспа и дека никогаш нема да влеземе во ЕУ со такви бугарски услови во него, а вие си знаете, коментира Богојески на неговиот фејсбук профил.